Electrolux EWX147410W Manuel d'utilisateur Page 23

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 44
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 22
Ако го поставите времето
на само 10 минути
сушење, апаратот ја
извршува само фазата на
ладење.
12.3 Крај на програмата
Уредот запира автоматски. Звучните
сигнали работат (ако се вклучени).
За повеќе информации, погледнете во
„На крајот од програмата за
сушење“ од претходното поглавје.
1. Свртете го копчето на
програматорот до позиција
Вклучено/Исклучено за да го
исклучите апаратот.
2. Извадете ги алиштата од
апаратот.
Проверете дали барабанот е празен.
3. Подотворете ја вратата за да
спречите мувла и мириси.
4. Затворете ја славината за вода.
12.4 Влакненца во ткаенините
За време на фазата за перење и/или
сушење, некои типови ткаенини
(сунѓер, волна, блузони) може да
испуштат влакненца.
Испуштените влакненца можат да се
залепат на ткаенините за време на
следниот циклус.
За да спречите лепење на
влакненцата на вашите алишта, ви
препорачуваме:
Да не се перат темни ткаенини
откако сте переле и сушеле светло
обоени ткаенини (нови сунѓери,
волна, блузони) и обратно.
Овие видови ткаенини да се сушат
на воздух по првото перење.
Исчистете го филтерот на одводот.
По фазата на сушење, темелно
исчистете го празниот барабан,
дихтунгот и вратата со влажна
крпа.
13. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
13.1 Полнење алишта
Поделете ги алиштата на: бели,
обоени, синтетика, нежни и
волнени.
Следете ги упатствата за перење
што се наоѓаат на етикетите на
алиштата.
Не перете заедно бели и алишта во
боја.
Некои алишта во боја може да ја
изгубат боја по првото перење. Ви
препорачуваме да ги перете
одделно првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за
перници, патентите, куките и
дрикерите. Врзете ги ремените.
Испразнете ги џебовите и
исправете ги алиштата.
Превртете ги повеќеслојните
ткаенини, волната и алиштата со
насликани илустрации.
Отстранете ги тешките дамки.
Перете ги тврдокорните дамки со
специјален детергент.
Бидете внимателни со завесите.
Тргнете ги куките или ставете ги
завесите во торба за перење или
во навлака.
Немојте да перете во апаратот
исечени или алишта без раб.
Користете ја корпата за перење за
перење на мали предмети ( на пр.
градници со жица, колани,
хулахопки, итн.).
Многу мало полнење може да
предизвика проблеми со
рамнотежата за време на фазата
на центрифугирање. Ако се случи
ова, распоредете ги рачно
алиштата во барабанот и повторно
вклучете ја фазата на
центрифугирање.
МАКЕДОНСКИ 23
Vue de la page 22
1 2 ... 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 ... 43 44

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire