
• Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
струја од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
• Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
Поврзување на гас
• Секое поврзување на гас треба да биде
направено од квалификувано лице.
• Пред монтирањето, уверете се дека
локалните комунални услуги (видот на
гасот и притисокот) одговараат на
барањата за приклучување на апаратот.
• Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
• Информациите за доводот на гас се на
плочката со податоци.
• Овој апарат не смее да се поврзува со
уред кој служи за евакуација на запаливи
производи. Овозможете поврзување на
апаратот според тековните прописи за
монтажа. Внимавајте на условите кои се
дадени за соодветната вентилација.
2.2 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
• Овој апарат користете го само во домашни
услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
• Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
• Не ставајте прибор за јадење или капаци
од тенџериња на ринглите. Тие може да
станат жешки.
• Поставувајте ги ринглите на „исклучено“ по
секоја употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или експлозија.
• При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните предмети
подалеку од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото коешто е
многу жешко може да предизвика спонтано
запалување
• Искористеното масло кое може да содржи
остатоци од храна, може да предизвика
пожар на пониска температура од маслото
што се користи за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
• Не оставајте ги садовите за говење да
вријат на суво.
• Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
• Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот. Може
да се оштети површината.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
• Не дозволувајте кисели течности, како што
е оцетот, лимоновиот сок или средствата
за отстранување бигор да допрат до
површината за готвење. Тоа може да ја
оштети глазурата и сјајот.
• Овој апарат е наменет само за готвење. Не
употребувајте го апаратот за друга намена,
на пример за загревање на соба.
• Употребата на апарат за готвење на гас
произведува топлина и влага. Обезбедете
добра вентилација во собата каде е
монтиран апаратот.
• Погрижете се отворите за вентилација да
не бидат блокирани.
• Продолженото интензивно користење на
апаратот може да бара дополнителна
вентилација, на пример, отворање
прозорец или поефикасна вентилација,
односно зголемување на јачината на
механичката вентилација, онаму каде што
ја има.
• Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и дијаметар не
поголем од димензиите на пламениците.
МАКЕДОНСКИ 31
Commentaires sur ces manuels