Electrolux ENN2800BOW Manuel d'utilisateur Page 25

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 60
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 24
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
3.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и малку неутрален сапун за да
се отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го темелно.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
3.2 Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување смрзната
и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е неопходно
да ја менувате средната поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го
регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Во овие услови, температурата на
комората на фрижидерот може да
падне под 0°C. Ако дојде до тоа,
вратете го регулаторот за
температура на помала поставка.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горната комора.
3.3 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
3.4 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
3.5 Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз. Наполнете ги
садовите со вода, потоа ставете ги во
преградата на замрзнувачот.
Не користете метални алатки за
вадење на садовите од
замрзнувачот.
3.6 Температурен показател
Овој апарат се продава во Франција.
Во согласност со законските прописи
кои важат во оваа земја, мора да
биде опремен со специјален уред
(види слика) кој ќе биде поставен во
долниот дел на преградата во
фрижидерот за да ја означи неговата
најстудена зона.
МАКЕДОНСКИ 25
Vue de la page 24
1 2 ... 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 ... 59 60

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire