
Кога ќе го поврзете апаратот со
електричната мрежа или во случај на
прекин на напојувањето, часовникот
автоматски трепка. Одете на чекор 2.
1. За да го смените времето,
притиснете на копчињата „ + „ и „ -
“ истовремено додека не затрепка
индикаторот за време.
2. Поставете го времето со копчињата
„ + “ или „ - “.
3. По околу 5 секунди, трепкањето
престанува и на екранот се
прикажува поставеното точно време.
Кога е активна функцијата на
времето, не можете да го смените
моменталното време.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видете го
поглавјето „Безбедносни
информации“.
За да ја користите печката,
притиснете го копчето на
извлекување. Копчето тогаш
излегува.
Вклучување и исклучување на печката
1. Свртете го контролно копче за
функциите на печката на некоја
функција.
2. Свртете го контролното копче за
температура на некоја температура
Показателот за работа свети додека
работи печката.
Показателот за температура свети
додека се зголемува температурата
во печката.
3. За да ја исклучите печката, свртете
го контролното копче за функции на
печката и контролното копче за
температурата во положба
исклучено.
Вентилатор за ладење
Кога апаратот работи, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да
ги одржува ладни неговите површини.
Ако го исклучите апаратот,
вентилаторот продолжува да работи
додека апаратот не се излади.
Функции на рерната
Функција на рерната Примена
Светло Користете ја оваа функција за да ја осветлите
внатрешноста на рерната.
Конвекција За печење на најмногу две нивоа на рерната
истовремено. Поставете ја температура на рерната за
(20-40°C) пониско отколку за конвенционално. За
сушење храна.
Конвенционално За печење тесто и месо на едно ниво во рерната.
Топлина од долниот
дел
За печење колачи со крцкав долен дел или во вид на
тенка кора и за конзервирање храна.
Одмрзнување За одмрзнување смрзната храна.
Скара За печење рамни парчиња храна на средината од
скарата и за печење тостови.
Двојна скара За печење големи количини храна на скара и за
тостирање.
Конвенционално
печење на скара
За печење поголеми парчиња месо или живина на едно
ниво. Исто така за потпекување.
6 electrolux
Commentaires sur ces manuels