
11.1 Внатрешна страна на
вратата
Кај некои модели, на внатрешната
страна на вратата можете да ги
најдете:
• броевите на позиции на решетката.
• информации за функциите на
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени јадења.
11.2 Совет за специјалните
функции за греење на
печката
Одржување на топлина
Користете ја оваа функција доколку
сакате да ја одржите храната топла.
Температурата автоматски се
регулира на 80°C.
Топлење на чинии
За загревање чинии и јадења.
Распоредете ги порциите и јадењата
еднакво по решетката. Разместете ги
редовите откако ќе помине половина
од времето за подгревање (заменете
горе и доле).
Автоматската температура е 70°C.
Препорачано ниво на решетката: 3.
Киснато тесто
Оваа автоматска функција можете да
ја користите со кој било рецепт за
потквасено тесто што ви се допаѓа.
Оваа функција ви обезбедува добра
околина за нараснување на тестото.
Ставете го тестото во чинија којашто е
доволно голема за нараснување и
покријте ја со влажна крпа или
пластична фолија. Вметнете ја
решетката на првото ниво и ставете го
садот на неа. Затворете ја вратата и
поставете ја функцијата: Киснато
тесто. Поставете го потребното време.
11.3 Печење
• Вашата рерна може да ги пече
тестото или месото различно од
апаратот што сте го имале порано.
Приспособете ги вашите
вообичаени поставки (температура,
траење на готвењето) и нивоата на
решетката кон вредностите во
табелите.
• Производителот препорачува
првиот пат да ја користите
пониската температура.
• Ако не можете да ги најдете
поставките за одреден рецепт,
побарајте некој што е скоро ист.
• Времето на печење може да се
продолжи за 10-15 минути доколку
печете колачи на повеќе нивоа.
• Колачите и печивата со различна
висина не потемнуваат еднакво
првиот пат. Доколку дојде до тоа,
не менувајте ги поставките за
температурата. Разликата ќе се
израмни во текот на печењето.
• При подолго време на печење,
можете да ја исклучите рерната
приближно 10 минути пред
истекување на времето за печење,
а потоа да ja искористите
преостанатата топлина.
Кога готвите замрзната храна,
плеховите во рерната можат да се
извиткаат во текот на печењето. Кога
повторно ќе се изладат,
изобличувањата ќе исчезнат.
11.4 Совети за печење
Резултати од печењето Можна причина Решение
Долниот дел на колачот
не е доволно запечен.
Позицијата на решетката
е неправилна.
Ставете го колачот на
пониска решетка.
www.electrolux.com22
Commentaires sur ces manuels