Electrolux EN3850DOX Manuel d'utilisateur Page 4

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 76
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 3
оштетен приклучок за во штекер може
да се прегрее и да предизвика пожар.
3.
Внимавајте кабелот за струја на
апаратот да е пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатини.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
1.3 Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворот за воздух на задниот
ѕид. (Ако апаратот е со заштита од
замрзнување)
Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
1.4 Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластичен
гребач.
Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
Поврзете го само со довод за питка вода
(ако е предвидено поврзување со вода).
4
www.electrolux.com
Vue de la page 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 ... 75 76

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire