Electrolux EOC5851AOX Livre de recettes Page 22

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 28
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 21
канелони. Притоа, на крај треба да дојде слој
од бешамел сосот посипан со сирење.
Остатокот од путерот наредете го во мали
парчиња врз јадењето.
Време во апаратот: 55 минути
Позиција на решетката: 1
Потпечени компири
Состојки:
1000 g компири
по 1 кафена лажичка сол, пипер и мускатно
оревче
•2 чешниња лук
200 g рендано сирење
200 ml млеко
200 ml слатка павлака
4 супени лажици путер
Метод:
Излупете ги компирите, исечете ги тенко,
исушете ги и потоа зачинете ги.
Истријте огноотпорен сад за печење со едно
чешне лук и потоа намачкајте го садот со
малку путер.
Распоредете ги половината од зачинетите
парчиња компири во садот и попрскајте малку
од ренданото сирење врз нив. Наредете го
преостанатиот компир врз тоа и распоредете
го преостанатото рендано сирење одозгора.
Згмечете го второто чешне лук и измешајте го
со млекото и слатката павлака. Налејте ја
мешавината врз компирите и распоредете го
остатокот од путерот во мали грутки врз
јадењето.
Време во апаратот: 65 минути
Позиција на решетката: 2
Мусака (за 10 луѓе)
Состојки:
1 исечкан кромид
маслиново масло
1,5 kg мелено месо
1 конзерва сечкани домати (400 g)
50 g рендано сирење
4 кафени лажички лебни трошки
сол и црн пипер
цимет
1 kg компири
1,5 kg модар патлиџан
путер за пржење
Состојки за бешамел сос:
•75 г путер
50 г брашно
600 мл млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
150 г рендано сирење
4 супени лажици лебни трошки
•50 г путер
Метод:
Динстајте го исечканиот кромид на малку
маслиново масло, потоа додадете го
меленото месо и гответе мешајќи.
Додадете ги сечканите домати, ренданиот
ементалер и лебните трошки, добро
промешајте и оставете да зоврие. Потоа
зачинете со сол, црн пипер и цимет и тргнете
го од рингла.
Излупете ги компирите и исечете ги на
тркалца дебели 1 cm, измијте ги модрите
патлиџани и исечете ги на тркалца дебели 1
cm.
Исушете ги сите тркалца со кујнска хартија.
Потоа пржете ги во тавче со многу путер.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
Растопете го путерот во тава, додадете го
брашното и со постојано мешање пржете
додека не добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го на отворено
приближно 10 минути.
Ставете ги тркалцата компир на дното на
подмачкан сад за печење, наросете малку
рендано сирење. Врз тоа наредете ред модар
патлиџан. Над модриот патлиџан ставете ја
мешавината со мелено месо. Над тоа ставете
малку бешамел сос.
Потоа наредете нов слој од компир, модар
патлиџан и мешавина со мелено месо.
Последниот ред треба да е бешамел сос. На
површината распоредете го остатокот од
сирењето и лебните трошки. Растопете го
путерот и прелијте го врз површината на
мусаката.
Време во апаратот: 60 минути
Позиција на решетката: 1
Потпечена паста
Состојки:
1 литар вода
•сол
250 g таљатели
22
www.electrolux.com
Vue de la page 21
1 2 ... 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire