
9.3 Откажување на функциите на
часовникот
1.
Повеќепати притискајте го Селекторот
додека не почне да трепка индикаторот
за соодветната функција.
2.
Притиснете го и задржете го копчето -.
Функцијата на часовникот се гасне по
неколку секунди.
10. РЕРНА - КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
10.1 Вметнување на плехот за печење
Ставете го плехот во средината на
внатрешноста на печката, меѓу предниот и
задниот ѕид. Тоа обезбедува кружење на
топлината пред и зад плехот за печење.
Погрижете се да го поставите плехот како што
е прикажано на сликата, со потсечената
косина поставена назад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не го туркајте плехот за печење до
крај до задниот ѕид во внатрешноста
на печката. Тоа го спречува
кружењето на топлината околу
плехот. Храната може да загори,
особено во задниот дел на плехот.
10.2 Вметнување на приборот во рерната
Ставете го внатре приборот на лизгање така
што двојните странични рабови да бидат на
задниот дел на печката и свртени надолу.
Турнете го приборот на лизгање меѓу
водилките на едно од нивоата во печката.
МАКЕДОНСКИ 45
Commentaires sur ces manuels