
Автоматското исклучување
не работи со следните
функции: Светилка, сензор
за температура на
средината,Крај на готвење,
Времетраење.
10.6 Осветленост на екранот
Има два режима на осветленост на
екранот:
• Ноќна осветленост - кога апаратот
е исклучен, осветленоста на
екранот е помала меѓу 22 часот
навечер и 6 часот наутро.
• Дневна осветленост:
– кога апаратот е всклучен.
– ако допрете сензорско поле при
ноќна осветленост (освен за
ВКЛУЧУВАЊЕ/
ИСКЛУЧУВАЊЕ), екранот се
враќа во режим на дневна
осветленост во следните 10
секунди.
– ако апаратот е исклучен и ја
поставувате функцијата:
Потсетник во минути. Кога ќе
заврши функцијата, екранот се
враќа на ноќна осветленост.
10.7 Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот
за ладење се вклучува автоматски за
да ги одржува ладни површините на
апаратот. Ако го исклучите апаратот,
вентилаторот за ладење продолжува
да работи додека апаратот не се
излади.
10.8 Механичка брава на
вратата
Бравата на вратата се деактивира
кога ќе го купите апаратот.
ВНИМАНИЕ!
Механичката брава на
вратата движете ја само
хоризонтално.
Не движете ја вертикално.
ВНИМАНИЕ!
Не туркајте ја бравата кога
ја затворате вратата на
апаратот.
10.9 Употреба на
механичкото заклучување на
врата
1. За да ја активирате бравата на
вратата повлечете ја бравата на
вратата напред се додека не се
заклучи на своето место.
2. За да ја деактивирате бравата на
вратата турнете ја бравата на
вратата назад во плочата.
www.electrolux.com22
Commentaires sur ces manuels