Electrolux EOB8851AOX Manuel d'utilisateur Page 24

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 56
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 23
11.3 Готвење на пареа
Употребувајте само садови за
готвење кои се отпорни на топлина
и корозија или садови за храна од
хром-челик (само кај некои
модели).
Точните позиции на решетката се
ставени во табелата подолу.
Позициите на решетката се бројат
од долу кон горе.
При готвење подолго од 30 минути
или при готвење големи количини
храна, додајте вода ако е
неопходно.
Ставете ја храната во соодветните
садови за готвење и ставете ги
садовите на решетките. Погрижете
се да има растојание меѓу
решетките за да може пареата да
циркулира околу секој сад.
После секоја употреба, отстранете
ја водата од фиоката за вода,
поврзувајќи ги цревата и
генераторот на пареа. Видете во
поглавјето „Нега и чистење“.
Табелите даваат податоци за
вообичаените јадења.
Започнете ја процедурата со ладна
печка ако податоците во табелите
се различни.
Користете го скоро истиот рецепт
ако не можете да ги најдете
поставките за вашиот рецепт.
Кога готвите ориз, користете го
соодносот 1.5 : 1 – 2 : 1 вода со
ориз затоа што оризот апсорбира
вода.
11.4 Табела за вода за пареа
Време (мин.) Вода во фиоката за вода (ml)
15 - 20 300
30 - 40 600
50 - 60 800
11.5 Со пареа / EКО Пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не отворајте ја вратата на
апаратот кога е вклучена
функцијата. Постои
опасност од изгореници.
Функцијата важи за сите видови на
храна, свежа и замрзната. Може да ја
користите за готвење, загревање,
динстање или бланширање на
зеленчук, месо, риба, тестенини, ориз,
пченка, гриз и јајца.
Можете да подготвите целосен оброк
со едно готвење. За правилно готвење
на секое јадење, користете ги оние со
времиња на готвење што се скоро
исти. Додајте ја најголемата потребна
количина на вода за едно од јадењата
што се готви. Ставете ги јадењата во
соодветните садови за готвење, а
потоа на решетките во печката.
Приспособете го растојанието меѓу
садовите за готвење за да овозможите
циркулирање на пареата.
Стерилизација
Со оваа функција можете да ги
стерилизирате садовите (на пр.
шишиња за бебиња).
Ставете ги чистите садови на
средината на решетката на првото
ниво. Погрижете се отворот да е
насочен надолу под мал агол.
Наполнете ја фиоката со
максималната количина вода и
изберете траење од 40 мин.
www.electrolux.com24
Vue de la page 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 55 56

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire