
2.5 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
• Користете само оригинални
резервни делови.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од струја и
вода.
• Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
• Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во барабанот.
• Фрлете го апаратот во согласност
со условите за фрлање на
Искористена електрична и
електронска опрема (ИЕЕО).
3. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
3.1 Распакување
1. Извадете ја надворешната фолија. Ако
е потребно, употребете нож.
2. Извадете го горниот дел од картонот и
материјалите за пакување од стиропор.
3. Отворете ја вратата. Извадете ги
алиштата од барабанот.
4. Ставете го предниот елемент од
стиропор на подот под апаратот.
Внимателно ставете го апаратот на
неговата задна страна.
www.electrolux.com6
Commentaires sur ces manuels