
оштетен приклучок за во штекер може
да се прегрее и да предизвика пожар.
3.
Внимавајте кабелот за струја на
апаратот да е пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
• Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
• Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатини.
• Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
• Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
• Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
• Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
• Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучникот за струја од
штекерот.
• Не чистете го апаратот со метални
предмети.
• Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
МЕСТЕЊЕ
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
• Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
• Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
• Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
• Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
• Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
• Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
• Поврзете го само со довод за питка вода
(Ако е предвидено поврзување со вода).
СЕРВИСИРАЊЕ
• Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
• Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
38
www.electrolux.com
Commentaires sur ces manuels