Electrolux ERN1300AOW Manuel d'utilisateur Page 45

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 56
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 44
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
ПЕРИОДИЧНО ЧИСТЕЊЕ
Опремата треба да се чисти редовно:
исчистете ги внатрешноста и додатоците
со топла вода и сода бикарбона (5 ml до
0,5 литри вода)
редовно проверувајте ги дихтунзите на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без нечистотии.
избришете и исушете ги темелно.
Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и/или
каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да
се оштетат површините и да остане
силен мирис.
Еднаш годишно извадете ја решетката за
вентилација, во основата на апаратот, и
исчистете ги воздушните канали со
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВНИМАНИЕ
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
ОДМРЗНУВАЊЕ НА ФРИЖИДЕРОТ
PF
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога компресорот ќе престане да
работи во текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од задната страна на апаратот,
над компресорот, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето (F)
сместено под фиоките за салати за да се
спречи прелевање на водата и нејзино
капење врз храната внатре. Користете го
приложениот специјален чистач (P), што ќе го
најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
МАКЕДОНСКИ 45
Vue de la page 44
1 2 ... 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 ... 55 56

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire