
1 2
3
4
5
6
1 Фиока на дозерот за детергент
2 Контролна табла
3 Рачка за отворање на вратата
4 Плочка со спецификации
5 Одводна пумпа
6 Ногарки за нивелирање
Фиока на дозерот за детергент
Преграда за детергентот што се
користи за претперење и киснење или за
средство за отстранување дамки што се
користи за време на фазата за дамки
(ако ја има). Детергентот за претперење
и киснење се додава на почетокот на
програмата за перење. Средството за
отстранување дамки се додава за време
на фазата за дамки.
Преграда за прашкаст или течен
детергент што се користи за главното
перење. Ако користите течен детергент,
турете го токму пред да почне
програмата.
Преграда за течни адитиви
(омекнувач, штирак).
Почитувајте ги препораките на
произведувачот за количествата што
треба да се употребуваат и не ставајте
повеќе од ознаката "MAX" на фиоката на
дозерот за детергент. Омекнувачите и
адитивите за штиркање мора да се
ставаат во преградата пред
почнувањето на програмата за перење.
Табела со програми
Со апаратот се испорачуваат разни
табели со програми на разни јазици.
Една е на предната страна на фиоката
на дозерот за детергент, а другите се
приложени со упатството за употреба.
28 electrolux
Commentaires sur ces manuels