
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината не испушта и/или
не центрифугира:
Одводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на одводното црево.
Филтерот за испуштање вода е затнат.
• Исчистете го филтерот.
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
кадата или што е без центрифугирање.
• Исклучете ја таа опција.
• Изберете ја програмата цедење или центрифугирање.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Одново распоредете ги алиштата.
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент
(создава премногу пена).
• Намалете ја количината на детергентот или употребете
некој друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Одводното црево е оштетено.
• Заменете го со ново.
Капачето на цревото за итно празнење не било вратено или
филтерот не бил правилно зашрафен по чистењето.
• Одново ставете го капакот од цревото за ургентно
празнење или докрај зашрафете го филтерот.
Лоши резултати на перење:
Сте ставиле премалку детергент или детергент што не
одговара.
• Зголемете ја количината на детергентот или употребете
некој друг.
Не сте ги третирале тврдокорните дамки пред перењето.
• Користете комерцијални производи за третирање на
тврдокорните дамки.
Не е избрана соодветна температура.
• Проверете дали сте ја избрале соодветната температура.
Премногу алишта.
• Извадете алишта.
Вратата не се отвора:
Програмата уште работи.
• Почекајте до крајот на циклусот на перење.
Бравата од вратата не е отклучена.
• Почекајте да се изгаси контролната сијалица 8.2 .
Во барабанот нема вода.
• Изберете програма за цедење или центрифугирање за да
ја испуштите водата.
Машината вибрира или е
премногу бучна:
Транспортните клинови и амбалажата не се отстранети.
• Проверете дали апаратот е правилно монтиран.
Потпорните ногалки не се регулирани
• Проверете дали апаратот е правилно нивелиран.
Алиштата не се рамномерно распоредени во барабанот.
• Одново распоредете ги алиштата.
Можеби има премалку алишта во барабанот.
• Ставете повеќе алишта.
44 electrolux
Commentaires sur ces manuels