5.1 MyFavourite
Со оваа опција можете да ја поставите и
меморирате програмата и опциите коишто ги
користите почесто.
Не може да се меморираат опциите Multitab и
Delay.
Можете да меморирате само 1
програма истовремено. Новата
поставка ја откажува претходната.
Како да се меморира програма
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
2. Поставете ја програмата и опциите што
сакате да ги меморирате.
3. Притиснете и задржете го копчето
MyFavourite сЀ додека не се вклучи
соодветниот показател со фиксирано
светло.
Како да ја поставите програмата MyFavourite
1. Притиснете го копчето MyFavourite.
• Се пали соодветниот показател.
• На екранот се прикажуваат бројот и
времетраењето на програмата.
• Показателите за опцијата се вклучени.
5.2 TimeSaver
Оваа опција го зголемува притисокот на
водата што резултира со намалување на
времетраењето на програмата за приближно
50%.
За да се обезбедат исти резултати на
перењето како и кај нормалното времетраење
на програмата, температурата на водата се
зголемува. Тоа ја зголемува потрошувачката
на струја.
Со пократка фаза на сушење може да се
добијат и послаби резултати од сушењето.
Како да се вклучи опцијата TimeSaver
1. Притиснете го копчето TimeSaver.
• Доколку опцијата важи за програмата,
се вклучува соодветниот показател. На
екранот можете да го видите
ажурирањето на времетраењето на
програмата.
• Доколку опцијата не важи за
програмата, соодветниот показател
трепка брзо 3 секунди и потоа се гаси.
5.3 EnergySaver
Оваа опција ја намалува температурата во
последната фаза на плакнење и
времетраењето на фазата на сушење.
Користењето на оваа опција ја намалува
потрошувачката на енергија (до 25%) и
времетраењето на програмата.
Садовите може да бидат влажни кога
програмата ќе заврши.
Како да се вклучи опцијата EnergySaver
1. Притиснете го копчето EnergySaver.
• Доколку опцијата важи за програмата,
се вклучува соодветниот показател. На
екранот можете да го видите
ажурирањето на времетраењето на
програмата.
• Доколку опцијата не важи за
програмата, соодветното показно
светло трепка брзо 3 секунди и потоа
се гаси.
5.4 Multitab
Вклучете ја оваа опција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Оваа опција го исклучува користењето на
средство за плакнење и сол. Соодветните
показни светла остануваат исклучени.
Времетраењето на програмата може да се
зголемува.
Како да ја вклучите опцијата Multitab
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
2. Притиснете и држете ги копчињата
TimeSaver и EnergySaver истовремено сé
додека не се вклучи показното светло
Multitab.
Опцијата останува вклучена сЀ додека не ја
исклучите. Притиснете и држете ги копчињата
TimeSaver и EnergySaver истовремено сé
додека не се исклучи показното светло
Multitab.
Ако престанете да ги користите
комбинираните таблети со детергент, пред да
почнете да користите одвоено детергент,
средство за плакнење и сол за машини за
миење садови, направете ги следниве чекори:
1. Исклучете ја опцијата Multitab.
2. Нагодете го омекнувачот на вода на
највисокото ниво.
3. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
8
www.electrolux.com
Commentaires sur ces manuels