
9. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
9.1 Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
9.2 Местоположба
Апаратот треба да се инсталира на добра
оддалеченост од извори на топлина, како што
се радијатори, бојлери, директна сончева
светлина итн. Погрижете се воздухот
слободно да струи околу задниот дел на
апаратот. За да обезбедите најдобра работа
кога апаратот е монтиран под некој висечки
елемент, минималното растојание помеѓу
горната страна на комората и ѕидот мора да
биде најмалку 100 мм. Во идеални услови,
овој апарат не би требало да се поставува
под висечки елементи. Правилното
нивелирање се обезбедува со една или
повеќе прилагодливи ногалки во основата на
витрината.
A
B
100 mm
min
20 mm
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
По монтажата приклучокот мора да
биде лесно достапен за да може
апаратот да се исклучи од
приклучокот за напојување.
9.3 Задни разделници
Двата разделника можете да ги најдете во
ќесето со документацијата.
Направете го следново за да ги монтирате
разделниците:
1.
Отштрафете ја завртката.
2.
Ставете го разделникот под завртката.
3.
Свртете го разделникот во соодветната
положба.
4.
Повторно стегнете ги завртките.
2
4
3
1
9.4 Нивелирање
Кога го поставувате апаратот, проверете дали
стои на рамно. Ова може да се постигне со
двете ногалки што можат да се
приспособуваат на долниот дел од предната
страна.
18
www.electrolux.com
Commentaires sur ces manuels