
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
4.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
4.4 функција DYNAMICAIR
Функцијата DYNAMICAIR овозможува брзо
ладење на храната и попостојана
температура во фрижидерот.
За да го активирате уредот DYNAMICAIR,
притиснете го прекинувачот (1). Се пали
зеленото показно светло (2).
1
2
Вклучете го уредот кога околната
температура е повисока од 25°C.
4.5 Местење на полиците на
вратата
За да се овозможи чување на пакети храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се поставуваат на различни висини.
За да ги направите овие подесувања,
постепено влечете ја полицата во насоката на
стрелките додека не се ослободи, потоа
наместете ја по желба.
1
2
Не поместувајте ја големата полица
на долната врата за да се обезбеди
струење на воздухот.
4.6 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Некои полици мора да се подигнат со задниот
раб за да се овозможи нивно вадење.
Не поместувајте ја стаклената
полица над фиоката за зеленчук за
да не го пореметите струењето на
воздухот.
4.7 Држач за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот свртен
нанапред) на претходно наместената полица.
Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте само
затворени шишиња.
Полицата за шишиња може да се навали за
да се чуваат претходно отворени шишиња. За
да го постигнете тоа, повлечете ја полицата
нагоре за да може да се сврти нагоре и да се
стави на следното повисоко ниво.
МАКЕДОНСКИ 7
Commentaires sur ces manuels