
Може да дојде до појава на
одредени функционални
проблеми кај некои модели
доколку работат вон тој
опсег. Правилното
работење може да се
гарантира само во
наведениот температурен
опсег. Ако не сте сигурни
околу тоа каде да го
монтирате апаратот,
побарајте совет од
продавачот, од нашата
служба за корисници или
од најблискиот Овластен
сервисен центар.
3.3 Поврзување на струјата
• Пред да го приклучите, проверете
дали напонот и фреквенцијата
прикажани на плочката со
спецификации одговараат на
вашата домашна електрична
мрежа.
• Апаратот мора да биде заземјен.
Приклучокот на кабелот за
напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од
домашната електрична мрежа не е
вземјен, поврзете го апаратот со
посебно вземјување во согласност
со прописите за електрична
енергија и откако ќе се
посоветувате со квалификуван
електричар.
• Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените
безбедносни мерки не се
испочитувани.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
4. РАКУВАЊЕ
4.1 Вклучување
1. Ставете го приклучокот во ѕидниот
штекер.
2. Свртете го регулаторот на
температурата надесно до
средната поставка.
4.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете
го регулаторот за температура на
позиција „O“.
4.3 Регулирање на
температурата
Температурата се регулира
автоматски.
1. Свртете го Регулаторот на
температурата кон помалата
поставка за да постигнете
минимално ладење.
2. Свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо
земено, е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка
треба да се одбере имајќи
предвид дека
температурата во
внатрешноста на апаратот
зависи од:
• собната температура,
• колку често се отвора
вратата,
• количеството храна што
се чува,
• местоположбата на
апаратот.
МАКЕДОНСКИ 19
Commentaires sur ces manuels