
3.2 Распоредување на виното
Горна преграда:
Температурата може да биде поставена
помеѓу +6 и +11°C. Оваа преграда е идеална
за вина, посебно нови црвени и бели вина,
што треба да се конзумираат веднаш.
Ракување со преградите на различна
температура.
Долна преграда:
Температурата може да биде поставена
помеѓу +11 и +18°C. Оваа преграда е идеална
за чување и рафинирање на црвени или бели
вина за подолг период.
Температурата на оваа преграда е погодна за
чување на прележани и густи вина.
Легнете ги шишињата надолу така што тапите
нема да се исушат.
Чувајте го виното на темно. Вратата има
двојно анти-УВ затемнето стакло за да го
заштити виното од светло во случај
ладилникот да е поставен на добро осветлено
место.
Избегнувајте да го вклучувате светлото на
апаратот премногу често или предолго.
Виното подобро се чува на темно.
Внимателно ракувајте со шишињата за да
избегнете мешање на виното.
Следете ги препораките и советите што сте ги
добиле при купувањето или кои се дадени во
техничката документација, во однос на
квалитетот, времетраењето и оптималната
температура за чување на виното.
3.3 Совети за чување
Времетраењето за чување на виното зависи
од времето потребно за стареење, видот на
грозјето, содржината на алкохол и нивото на
фруктоза и танин што е содржан во него. При
купувањето проверете дали виното е веќе
остарено или пак ќе се подобри со тек на
времето.
Препорачани температури за чување:
• За шампањ и пенливи вина, помеѓу 6 и 8°C
• За бели вина, помеѓу 10 и 12°C
• За розе` и лесни црвени вина, помеѓу 12 и
16°C
• Созреани/остарени црвени вина, 14 - 16°C
Кога ставате различни шишиња едно врз
друго, уверете се да не ја допираат
разладувачката табла на ладилникот.
42
www.electrolux.com
Commentaires sur ces manuels