Electrolux EKI6770DOX Manuel d'utilisateur Page 5

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 88
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 4
За да го заштитите емајлот од оштетување
или губење на бојата:
не ставајте предмети директно на дното
апаратот и не покривајте го со
алуминиумска фолија;
не ставајте врела вода директно во
апаратот;
не чувајте влажни чинии или храна во
апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
Не притискајте на вратата.
Не ставајте запаливи материи во
преградата под печката. Таму чувајте само
огно-отпорни додатоци (ако е применливо).
Не покривајте ги отворите за пареа на
печката. Тие се наоѓаат на задната страна
од горната површина (ако е применливо).
Не ставајте на површината за готвење
ништо, што може да се стопи.
Ако има пукнатина на површината
исклучете го доводот на струја. Постои
ризик од електричен шок.
Не ставајте материјали што спроведуваат
топлина (на пр. тенки метални мрежи или
спроведувачи на топлина обложени со
метал) под садовите за готвење.
Преголемото емитирање на топлина може
да ја оштети површината за готвење.
Ако имате вграден пејсмејкер, мора да го
држите горниот дел од телото на минимум
30 cm подалекy од индукциските рингли
додека работат.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Пред одржувањето, проверете дали
апаратот е изладен. Постои опасност од
изгореници. Постои ризик од кршење на
стаклените плочи.
Одржувајте го апаратот постојано чист.
Наталожените маснотии или други
остатоци од храна може да предизвикаат
пожар.
Редовното чистење спречува намалување
на квалитетот на површинските
материјали.
Заради ваша безбедност и безбедност на
вашиот имот, апаратот чистете го само со
вода и сапун. Не користете запалливи
производи или производи кои можат да
предизвикаат корозија.
Не чистете го апаратот со чистачи на
пареа, чистачи под висок притисок, остри
предмети, абразивни средства, абразивни
сунгери или отстранувачи на дамки.
Ако користите спреј за печка, придржувајте
се до упатствата на производителот. Не
прскајте ништо врз грејните елементи и
сензорот на термостатот (ако е
применливо).
Не чистете ја стаклената врата со
абразивни средства за чистење или со
метална гребалка. Може да дојде до
пукање и кршење на огноотпорната
површина на внатрешното стакло.
Кога стаклените плочи од вратата се
оштетени, тие стануваат крти и може да се
скршат. Мора да ги замените.
Контактирајте го сервисниот центар.
Бидете внимателни кога ја вадите вратата
од апаратот. Вратата е тешка.
Крушковидните светилки што се користат
во овој апарат се специјални светилки што
се користат само за апарати за
домаќинство. Тие не можат да се користат
за целосно или делумно осветлување на
просторија во домаќинството.
Ако треба да се замени светилката,
употребете светилката со иста моќност која
е посебно направена само за апарати за
домаќинство.
Исклучете го апаратот од струја пред да го
менувате светлото во рерната. Постои
опасност од електричен удар. Изладете го
апаратот. Постои опасност од изгореници.
ПИРОЛИТИЧКО ЧИСТЕЊЕ
Обезбедете добра вентилација за време и
после секое Пиролитичко чистење.
Отстранете ги сите миленичиња (посебно
птиците) од близината на местото на
печката за време и после Пиролитичкото
чистење и на почеток пуштете го да работи
на максимална температура во добро
проветрена просторија.
Не оставајте го уредот без надзор при
чистењето со пиролиза.
Не обидувајте се да ја отворите вратата и
не прекинувајте го напојувањето со струја
во текот на чистењето со пиролиза.
Држете ги децата подалеку додека трае
чистењето со пиролиза. Апаратот станува
многу жежок. Постои опасност од
изгореници.
Во текот на чистењето со пиролиза,
тврдокорната нечистотија може да
предизвика обезбојување на емајлот.
МАКЕДОНСКИ 5
Vue de la page 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 87 88

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire